Skip to content
Вие сте овде: Главна
Извинување!!!
Напишано од MOF Administracija   
21.08.2008.

Младински образовен форум им се извинува на сите посетители на интернет страницата на МОФ за сите непријатности кои таа посета ги има предизвикано.

Интернет страницата на МОФ беше нападната и затоа подолго време предизвикуше проблеми кај оние што ја посетуваа. Пред извесен период овој проблем беше решен и повторно страницата е безбедна за посетување.

МОФ уште еднаш се извинува за било какви проблеми предизвикани од посетата на нашата интернет страница и Ви се заблогодарува за разбирањети и за секоја нова посета. 

Последно ажурирање ( 21.08.2008. )
 
Стипендија за работата во Германскиот парламент
Напишано од MOF Administracija   
27.06.2008.

БундестагВо периодот од 1ви Март до 31 Јули 2009 приближно 120 млади луѓе,  од 28 земјии, во Германскиот Бундестаг во Берлин ќе имаат прилика да се запознаат со процесите на политичко одлучување во Германија и да се здобијат со искуство од областа на парламентарната работа. 
Амбасадта на Сојузна Република Германија во Скопје со задоволство ве известува дека Германскиот Бундестаг  во соработка со трите познати берлински универзитети: Слободен Универзитет, Хумболт Универзитет и Техничкиот Универзитет ви нуди можност непосредно да учествувате неговата работа.  

Последно ажурирање ( 27.06.2008. )
Прочитај повеќе...
 
Противзаконски избрани претставниците на студентите
Напишано од MOF Administracija   
24.06.2008.
ПетицијаМладинскиот образовен форум информира и предупредува дека на последната седница на Сенатот на УКИМ, верификационата комисија незаконски назначи 10 членови, претставници од редот на студентите. Сојузот на студенти, тајно преименувајќи се во Здружение на граѓани “Студентски парламент на УКИМ” повторно се обидува да држи монопол во студентското организирање и претставување, а Универзитетот истото го дозволува и премолчува.
Последно ажурирање ( 24.06.2008. )
Прочитај повеќе...
 
Младите во акција
Напишано од MOF Administracija   
11.06.2008.

Локална младинска иницијативаМладински образовен форум [МОФ] во периодот од 06.06 до 30.06. 2008, во соработка со 15 центри и 15 средни училишта од 14 градови низ Република Македонија, започнува со имплементација на проектот Локална младинска иницијатива.

Младите луѓе од Прилеп, Битола, Велес, Ресен, Кичево, Струга, Дебар, Делчево, Штип, Струмица, Кратово,  Гевгелија, Неготино и Скопје ќе покажат активно учество во решавањето на проблемите кои ги опкружуваат и ќе превземаат локални иницијативи со цел да  го подобрат квалитетот на својот живот и целокупниот животот во своите заедници. 


Последно ажурирање ( 13.06.2008. )
Прочитај повеќе...
 
Дебата: Промотивен клип
Напишано од MOF Administracija   
15.05.2008.
Последно ажурирање ( 15.05.2008. )
 
<< Почеток < Претходна 1 2 3 4 5 6 Следна > Крај >>

Резултати 1 - 6 од 33

Пријатели

Прирачник Учиме право