Во склоп на www.debatewise.org , оваа година по втор пат се одржува и светското онлајн дебатно првенство (The World Online Debating Championship), каде свои претставници имаат 32 земји кои се борат за титутлата најдобар онлајн дебатен тим во светот.
Во четвртфиналето на турнирот, Македонските дебатери ќе дебатираат против Грција.
Дебатата започнува на 30-ти Август, кога на самиот сајт ќе биде отворено гласање во кое може да учествувате. Секоја дебата е судена од страна на двајца судии. Доколку пресудата на судиите е едногласна, тимот кој има две судиски ливчиња е победник. Но доколку двајцата судии ги поделат своите гласови за двете различни страни, пресудни се гласовите на публиката како трет глас. |