Проекти





Македонските дебатери во светското четврт-финале

Во склоп на www.debatewise.org , оваа година по втор пат се одржува и светското онлајн дебатно првенство (The World Online Debating Championship), каде свои претставници имаат 32 земји кои се борат за титутлата најдобар онлајн дебатен тим во светот.

Во четвртфиналето на турнирот, Македонските дебатери ќе дебатираат против Грција.

Дебатата започнува на 30-ти Август, кога на самиот сајт ќе биде отворено гласање во кое може да учествувате. Секоја дебата е судена од страна на двајца судии. Доколку пресудата на судиите е едногласна, тимот кој има две судиски ливчиња е победник. Но доколку двајцата судии ги поделат своите гласови за двете различни страни, пресудни се гласовите на публиката како трет глас.

      26.08.10 / Категорија: Меѓународни турнири
Меѓународен турнир Budva Open

Budva Open е дебатен турнир во Карл Попер формат, кој го организира дебатното друштво Логос од Будва и се одржува секоја година во Будва, Црна Гора во ноември.

      25.03.10 / Категорија: Меѓународни турнири
Меѓународен турнир Bosnia Open

 Bosnia Open е интернационален дебатен турнир кој се одржува секоја година во Босна (Сараево и Јахорина) во  месец  декември. 

      25.03.10 / Категорија: Меѓународни турнири
Меѓународни дебатни турнири

 Дебатерите во рамките на дебатната програма покрај натпревари на национално ниво, ја мерат силата на кажаниот збор и имаат можност секоја  година да бидат дел од голем број интернационални турнири меѓу кои Budva Open, Belgrade Open, Bosnia Open, Bulgaria Open, Belgrade Open турнир во парламентарна дебата за студенти, ИДЕА форум за млади и многу други.

      25.03.10 / Категорија: Меѓународни турнири
   1   






Публикации