Macedonia Open е меѓународен дебатен турнир за средношколци во Карл Попер дебата кој традиционално секоја година се организира во Македонија. Во 2009 се организираше по седми пат, со учество на средношколци од дебатните клубови од цела Македонија, како и од земји од регионот и пошироко од Европа.