Мисијата на здружението е да им понуди можности и начини на студентите, средношколците, нивните професори и родители, активно и аргументирано да учествуваат во јавните дискусии за прашањата кои се однесуваат на нив и на пошироката заедница и на тој начин да продонесат за етаблирање на отворено и демократско општество.
Основните цели на здружението се:
- едукација на млади на возраст од 15 до 25 години;
- промовирање на алтернативните начини на едукација на младите, преку примена на интерактивни методи во предавањата;
- промовирање на критичкото мислење и толеранцијата помеѓу средношколците;
- јавно говорење (реторика), тимска работа, логика, аргументирано презентирање на ставови, решавање на проблеми;
- антиципирање на спротивните ставови како еднакво вредни на лично презентираните;
- отвореност кон идеи и ставови спротивни на општоприфатените;
- заштита и промоција на студентските интереси и права ;
- промоција на концептите на правда и владеење на правото, како основни демократски принципи
|