Програмата е дизајнирана да научи лаици по право на основните правни принципи. Учениците се здобиваат со знаења за своите права, институциите на системот како и со практични секојдневни вештини. Учиме Право програмата во рамките на своите предавања вклучува лица кои работат во областа на правото, демократијата и човековите права . Уникатниот пристап кој вклучува многу боројни интерактивни методи развива критичко мислење, кооперативно учење, како и комукациски вештини. Истовремено, покажува врска помеѓу животот и правото, човековите права и демократските вредности.
Наставата во склоп на Учиме право програмата се изведува со примена на интерактивни методи, усвојувајќи отворен, тренерски пристап во реализацијата на различните работилници.Редовните програмски предавања се реализираат според однапред определена програма, за која се изработени и посебни прирачници за предавачи и средношколци. Содржините на оваа програма се препорачани од Бирото за развој на образованието, при Министерството за образование. За секоја работилница се составува индивидуален план на час од страна на предавачот. Специјализираните работилници се дизајнирани од страна на телото на предавачи или обучени тренери за соодветната тема.
Покрај наведените методи, се организираат и натпреварувачки квизови за проверка на стекнатото знаење и симулации на судења (mock trial). Методологијата се разработува во прирачникот за предавачи по Учиме право. Листата на употребуваните методи вклучува: анализа на случај, бура на идеи, општа дискусија, играње на улоги, користење на извори од заедницата (посета на час од страна на стручно лице и посета на стручна институција), mind walk, учиме еден од друг, PRES-Point, Reason, Example, Summarize, работа по групи, заземи став.