Дебатни формати претставуваат сет од различни стандардизирани правила кои го одредуваат начинот на дебатирање.Дебатните формати го одредуваат бројот на тимовите во една дебата, бројот на дебатери во еден тим, времето кое секој дебатер го има за изнесување на својот говор како и елементите кои би требало да ги содржи неговиот говор.
Постојат различни формати кои се наменети за средношколци и формати наменети за студенти. Младински Образовен Форум е лиценциран за спроведување на шест типови на дебатни формати, застапени низ сите светски едукативни институции како и на сите мегународни турнири. |