Проекти





Формати за средношколци

Младински Образовен  Форум спроведува обуки на следниве формати наменети за средношколци:

  • Karl Popper
  • Јавна дебатa
  • Линкон-Даглас  
  • Worlds- World University Debating Championships;

Karl Poper

Форматот на дебата Карл Попер претставува најраспостранет формат на дебата во средните училишта низ целиот свет, а воедно тој е и форматот кој еден ученик најчесто го изучува прв. Тезите кои се дебатираат со овој формат промовираат најчесто длабоко спротиставени гледишта на некоја тема. Не секогаш страната која им е наметната на дебатерите да ја бранат се совпаѓа со нивното лично размслување со што се промовира отворено размислување како и почитување на ставовите со кои не секогаш дебатерите се согласуваат.

При една Карл Попер  дебата дебатираат два тима – еден афирмативен и еден негативен, кои се состојат од по три членови. Карл Попер дебатата е всушност дебата на аргументи кои ја поддржуваат или негираат тезата. Двата тима имаат свои конструирани аргументи поддржани со докази и различни истражувања со кои ја поддржуваат страната која ја бранат во дебатата. Целта на секој тим е да ги бранат своите аргументи во дебатата и да ги напаѓаат противничките и притоа секој од говорниците има право да изнесе само еден говор по претходно утврден редослед, меѓутоа како најважно, за време на дебатата сите членови работат како тим. Победник во Карл Попер дебата е оној тим кој низ сите говори успеал да придобие повеке армугенти на своја страна.

Јавна дебата

Јавна дебата е формален метод за презентирање на аргументите и ставовите за поддршка на дадена тема во кој дебатерите индивидуално или како членови на тим имаат крајна цел да ја убедат публиката. И дебатерите и публиката на едно дадено прашање можат да најдат различни решенија и да го изберат најдоброто за сите. Она што е карактеристично за  форматот на јавна дебата се модераторот и прашањата од публиката. Темите на кои најчесто се дискутира на јавните дебати се актуелни проблеми кои директно ја засегаат јавноста и промовираат поттикнување за акција за решавање на проблемите.

Линколн Даглас

Дебатата „Линколн – Даглас“ е формат на дебата кој е присутен во средните училишта во САД. Типично за овој формат е што во дебатата учествуваат само двајца говорници од кои едниот ја поддржува, а другиот ја негира тезата. Во текот на дебатата има 5 говори (3 на афирмативната страна и 2 на негативната), но секој говорник вкупно зборува по 13 минути. Линколн Даглас дебатата често е нарекувана и дебата на вредности бидејки придава голема важност на етички вредности, логично и филозофско размислување.

Светскиот училиштен стил (World Schools Style)

Светскиот училиштен  стил (World Schools Style) e формат кој е комбинација на Британска парламентарна дебата и Австралиско-азиските формати на дебата, адапитани за да бидат прифатени во многу земји и оттука да се применува на официјалното Светското училишно дебатно првенство. Во дебатата се натпреваруваат два тима од по тројца говорници кои вкупно презентираат 8 говори (по 4 говори за секоја од страните, при што еден од членовите на тимот говори двапати). Секој член на тимот има посебен дел од случајот кој треба да го презентира, како и да го нападна противничкиот. Тезите на кои тимовите дебатираат се генерални и не предлагаат конкретни политики. Повеќе информации можете да добиете тука .

 Врати се назад      






Публикации