Институтот Отворено Општество го помогна создавањето на Street Law мрежата, со цел да се создадат практични прирачници за примена на правото во секојдневниот живот и програма за граѓанска едукација во средните училишта во централна и јужна Европа, централна Азија и Монголија. International Debate Education Association IDEA
IDEA мрежата, основана во 1999 година, претставува меѓународна мрежа на национални дебатни клубови, асоцијации и програми, кои делат заедничка цел-глобална промоција на взаемно разбирање и демократија, поддржувајќи дискусија и активно граѓанство на локално ниво.
Антикорупциската студентска мрежа за југоисточна Европа е формирана во 2003 година во Бугарија, на состанок на студентски организации од различни земји од регионот. Членки на мрежата се студентски организации од Бугарија, Хрватска, Молдавија и Србија, Албанија и Македонија. Целта за формирање на мрежата е координација на студентските организации по прашања како корупција во високото образование, создавање на заеднички стратегии за борба против корупцијата во високото образование и спроведување на конкретни активности.
Мрежата за транспаретност во образованието обединува клучни индивидуалци и организации од евро-азискиот регион, со цел да промовира соработка, дијалог и размена на добри практики, препораки, предизвици и релевантни ресурси од областа на зголемување на транспарентноста во образованието. Мрежата обединува организации од три земји: МОФ од Македонија, NGO Center од Ерменија и YUVA Humanitarian Center од Азербеџан.
Коалицијата е основата во 2003 година и претставува мрежа на 22 независни НВОа од цела Македонија. Нејзината мисија е следење на почитувањето на човековите права и слободи, особено на меѓународните стандарди за правично судење, преку разни форми на делување, во настојување да се зголеми нивото на нивно имплементирање, да се иницираат институционални и правни реформи, како и да се врати довербата на граѓаните во судството и другите институции на системот.
Global Youth Anticorruption Network
Global Youth Anticorruption network е меѓународна мрежа на 9 невладини организации од различни земји, меѓу кои претставници има од следните држави: Македонија, Бангладеш, Бурунди, Камерун, Колумбија, Филипини, Сиера Леоне и Зимбабве, кои прават младински акции против корупцијата.