Проекти





Историјат

Основање и организациона поставеност

Здружението на граѓани “Младински образовен форум” (МОФ) е невладина, непартиска и непрофитна организација, формирана во јуни 1999 година, под името Здружение на граѓани “Дебатери“. Претходно пет години дебатната програма беше составен дел од младинските програми на Фондација Институт Отворено општество Македонија. Во декември 2000 година здружението го промени своето име во “Младински образовен форум“, со цел новото име да го опфати зголемениот број активности и програми.
Токму тој период во активностите на МОФ се вклучува и програмата Учиме право. Учиме Право, иако е интернационална програма, во Македонија датира од почетокот на 1998 година, кога започна како проект координиран од страна на Фондацијата Институт Отворено Општество - Македонија (ФИООМ), и ABA CEELI (адвокатска асоцијација на САД).
Најмлада програма која функционира во рамките на МОФ од 2006 година е Студентската програма. Таа се јавува како резултат на зголемените активности на МОФ во полето на високото образование- кампања за реформи на системот, заштита на правата на студентите и промовирање на младински активизам на универзитетско ниво.

Во рамките на здружението функционираат неколку центри во кои се спроведуваат Студентската, Дебатната и Учиме Право програма, како и серија на одвоени проекти во делокругот на млади и образование, заштита на човекови и студентски права. Учиме право програмата се спроведува како програмска активност во рамките на неколку средни училишта во Скопје. Дебатната програма се реализира преку редовни предавања за средношколци во Скопје. И двете програми имаат развиено наставни планови и содржини и за студенти кои ги имплементираат во склоп на Клиничките програми на факултетите-програма за Британска парламентарна дебата, Правно истражување и Учиме право за студенти.
Во рамките на МОФ функционираат центрите: тренинг центарот на МОФ Вавилон, со своите бројни младински иницијативи, настани, обуки и тренинзи, како и Американскиот едукативен центар- АЕЦ, кои е насочен кон давање и промовирање на додипломски и постдипломски стипендии за студирање во странство на македонски студенти.
Во периодот 2007-2009 МОФ посветено работи на поддршка на младинскиот активизам на национално ниво, преку проекти како Локална младинска иницијатива (во склоп на кој функционираат младински центри во 13 градови ширум Македонија), Обединети во акција, Јавни дебати, Акција за Европа и слично.

Здружението брои повеќе од 400 активни членови, чиј број постојано се зголемува. Околу 60 волонтери учествуваат во сите програми како предавачи и тренери. Сите тие се и членови на Собранието, кое е највисокото тело во организациската структура на МОФ. Извршниот одбор на МОФ брои 7 члена (претставници од трите програми и надворешни членови). Со здружението раководи претседателот, на кого му помагаат генералниот секретар,  координаторите на програмите и координаторите на секторите. Работата на МОФ е структуирана во 4 внатрешни сектори: ПР, проект менаџмент, истражување и аналитика и организација на настани.

Поле на дејствување

Во време во кое на општествено ниво, недоволно се посветува внимание на младинскиот активизам и поддршка на потенцијалите на истиот, чувствуваме потреба и одговорност за дејствување во таа насока. Нужно е младите да ги развијат лидерските способности, критичкото мислење, јавното изразување на ставови и активното учество во решавањето на проблемите во општеството.
Програмите кои ги реализира здружението, по својот карактер, се едукативни и младински. Едукативни бидејќи придонесуваат целните групи да стекнат практични знаења и способности, младински затоа што целната група на програмите се младите (на возраст 15 до 23 години).


 Врати се назад      






Публикации

bbs access