Во рамките на здружението функционираат неколку центри во кои се спроведуваат Студентската, Дебатната и Учиме Право програма, како и серија на одвоени проекти во делокругот на млади и образование, заштита на човекови и студентски права.
Во рамките на МОФ функционираат центрите: 13 младински клубови во 13 градови низ Македонија, со своите бројни младински иницијативи, настани, обуки и тренинзи во склоп на проектот Локална младинска иницијатива, како и Американскиот едукативен центар- АЕЦ, кои е насочен кон давање и промовирање на додипломски и постдипломски стипендии за студирање во странство на македонски студенти. |