Проекти





Мисија и цели

Студентската програма во МОФ е основана во 2006 година и е производ на зголемените потреби за реформи на полето на високото образование, заштитата на студентските права, борбата против корупцијата во високото образование и поттикнување на младинскиот активизам на универзитетско ниво.

Студентската програма е одговор на младите интелектуалци заинтересирани да делуваат во насока на подобрување на состојбите во високото образование, а нејзиното формирање првенствено е резултат на незадоволството на најголемиот број студенти од моменталните состојби и слабостите на постоечкиот систем на студентското организирање како и слабата, речиси непостоечка борба за правата за студентите.

Имено, постоечкиот систем на студентско организирање, најголем дел од студентите го доживуваат како недемократски, авторитарен и оддалечен од оние од кои извира и на оние кон кои би требало да биде насочен – студентите! Имено, студентите своите претставници ги доживуваат како наметнати надворешни центри на моќ, како фигури кои служат на некои други интереси, а не на интересите на студентите за чии гласови се борат во време на студентските избори. Сето ова резултира со моменталната состојба кај младинскиот активизам, која се карактеризира со апатичност и инертност.

Младински образовен форум овозможува поврзување на сите групи, организации и индивидуалци кои се занимаваат со реформи во полето на високото образование, заштитата на студентските права, борбата против корупцијата и младинскиот активизам на универзитетско ниво, како и можност за вклучување во тој процес преку активностите
кои ги организираат членовите на мрежата. Програмата работи на институционални, но и креативни и социјални активности преку кои може да се стимулира активност во пасивното студентско движење.

 Врати се назад      






Публикации