Дебатата претставува оранизирана и структуирана, аргументирана расправа на една одредена тема. Дебатата ги подготвува младите на најразличните животни ситуации, но најважно е тоа што им овозможува да ги изградат своите индивидуални ставови базирани на факти и знаење, а не на предрасуди и непознавање на работите.
Двата тима кои дебатираат во една дебата дебатираат по строго определени правила што ја разликува дебатата од една обична дискусија. Имено во една дебата зависно од форматот на кој се дебатира (линк до формати) постојат правила кои го ограничуваат времето на говорот, можноста за поставување на прашања и сл.
Кои се целите на Дебатната програма?
- Унапредување на образовниот процес во Република Македонија
- Развој на: критичко размислување, критичко читање, логика, говорнички способности, тимска работа, истражување, организација и кохерентност на мислата;
- Зголемување на толеранција по однос на туѓите ставови и градење на свои за релевантни теми во животот на младите како и
- Развој на лидерски способности кај средношколците и нивна подготовка за активно учество во општествените случувања
|