Проекти





Што е Учиме право

Учиме Право програмата е базирана на принципот дека демократските навики не се наследни туку мораат да бидат внимателно научени и практицирани од страна на секоја генерација со цел на опстојување на граѓанското општество. Затоа, ова е програма која е дизајнирана да научи лаици по право на основните правни принципи. Учениците се здобиваат со знаења за својте права, институциите на системот како и со практични секојдневни вештини.

Учиме Право програмата во рамките на своите предавања вклучува лица кои работат во областа на правото, демократијата и човековите права. Таквиот уникатен пристап развива критичко мислење, кооперативно учење, како и комукациски вештини. Истовремено, покажува врска помеѓу животот и правото, човековите права и демократските вредности.

Почетоци

Учиме Право програмата е проект за граѓанска едукација кој се роди како идеа од страна на студентите на Правниот факултет при универзитетот Georgetown, Вашингтон во 1971.  Студентите по право во рамките на Учиме Право проектот оддржуваа практични правни курсеви во средните училишта во Вашингтон, во поправните установи како и во седиштата на локалната самоуправа.

Бидејќи проектот се покажа исклучително успешен, во текот на наредните триесет години Учиме Право програмата се прошири низ САД, а подоцна и во многу други земји. Клучен фактор за многу брзиот развој на Учиме Право програмата беа новите методи користени за презентација на теми поврзани со правото и законите како и добра селекција на теми од близок интерес на студентите.

Учиме Право во Македонија датира од почетокот на 1998 година, кога започна како проект координиран од страна на Фондацијата Институт Отворено Општество - Македонија (ФИООМ), и ABA CEELI (адвокатска асоцијација на САД). Членовите на македонскиот Учиме Право тим во 1998 година беа млади луѓе, во најголем дел студенти на Правниот факултет во Скопје, како и дипломирани правници, постипломци на различни правни области и магистри по право.

Во почетокот, тимот работеше само на подготовка на прирачници. За постигнување на таа цел, тимот подготви околу 30 лекции. Темите кои ги обработува прирачникот се: вовед во Учиме право; правен систем; кривично право и демократија. По ова се започна со едукација во осум младински центри низ Македонија воспоставени од страна на CESVI и ECHO. Преку 200 средношколци учествуваа во оваа програма во текот на една академска година. Искуствата од овие предавања беа исклучително значајни за подбрување на лекциите и завршување на прирачниците. Прирачниците беа испечатени во 2000 година и со тоа се поставија основите за имплементација на програмата од страна на МОФ низ средните училишта и МОФ центрите.

 Врати се назад      






Публикации