Проекти





Реален фејзбук настан

Поради се поголемото учество на студентите во креирање на кампањи против моменталниот систем на студентско организирање на интернет, во мај 2009, Младински образовен форум реши сите тие групи да ги пренесе во реалноста.
Прочитај повеќе

Петиција за студентски парламент

Македонија останува една од ретките земји со монополизам во студентското движење наречен Сојуз на Студенти на Р.М. Непостоење на студентски активизам, апатична студентска маса и организација без никакво членство или пак плуралитет на студентски организации. Таква беше ситуацијата во 2007 година, а и денес не бележи промени на подобро.
Прочитај повеќе

Кампања РЕЗИЛ

Алармантните резултати од Истражување кои ФИООМ го спроведе во 2003 година покажуваат дека Корупцијата е најголемиот проблем во Високообразовниот систем во Р.М
За да се подобри ситуацијата МОФ започнува со активности за кревање на свеста кај студентите и кај професорите. Во активностите кои ги опфати кампањата спаѓаат: јавни кампањи, јавни дебати, флаери , постери, билборди и документарен филм.
Прочитај повеќе

Бојкот на студентските избори

Во октомври 2004 се пристапи кон организиран бојкот на студентските избори како начин да се изрази незадоволството од монополистичкиот систем на студентско управување и репрезентација, исклученост на изборна комептитивност и изборна плуралност. Бојкотот послужи како момент за запознавање на студентите со идеите на плурализам, демократско претставување во студентското организирање, подигање на свеста на студентите во врска со нивната (потенцијална) моќ и позиција во општеството.
Прочитај повеќе







Публикации