|
|
|
|
Обединети во акција |
|
Проектот Обединети во акција се одвиваше во периодот од јануари до декември 2009 година во четири градови низ Македонија: Скопје, Кичево, Струга и Куманово. Повеќе од 350 средношколци беа вклучени во младинските клубови во овие четири градови. Во клубовите младите од различни етнички заедници работеа заедно, еден крај друг, организираа заеднички јавни настани и дискутираа на теми кои ги засегнуваат нивните потреби на локално и национално ниво.
Прочитај повеќе
|
|
|
|
|
|
|
|
Транспарентност во високото образование |
|
Во периодот февруари 2009 до април 2010 година, МОФ го спроведува проектот “Транспарентност во образованието“ кој цели кон градење на институции и капацитети за долгорочно справување со проблемот на корупција во високото образование. Тековните реформи во високото образование нужно е да го опфатат и овој проблем бидејќи постоечката регулатива е содржински недоволна и не нуди доволно строги санкции.
Прочитај повеќе |
|
|
|
|
|
|
|
Клинички програми |
|
Проектот „Клинички програми“ има за цел преку воведување на практична настава да им овозможи на студентите да ги развијат своите истражувачки способности и дебатни вештини, и преку практична примена на истите да ги надополнат стекнатите теоретски знаења. Проектот во својата содржина опфаќа 2 клинички програми Учиме право и Британска парламентарна дебата. Целна група се студентите на правни и политички науки на универзитетите во Скопје. Проектните активности финансиски ги помогна Мисијата на ОБСЕ во Скопје.
Прочитај повеќе
|
|
|
|
|
|
|
|
Анти-корупциска студентска мрежа |
|
Проектот ACSN (anti-corruption student network), или Анти - корупциска студентка мрежа е проект кој Младински образовен форум го имплементира веќе втора година (почнувајќи од 2008 година). Проектот е составен од мрежа на држави од Југоисточна Европа кои работат на полето на креирање на методологија за мониторирање на корупција во високото-образование, а од оваа година се воспостави и практика во мрежата покрај развивањето на методологија и да се прават целосни истражувања и сублимирање на резултати од истите.
Прочитај повеќе |
|
|
|
|
|
|
|
Пристап до информации од јавен карактер |
|
Проектот „Пристап до информации од јавен карактер – имплементација на ЕКТС системот во Р.М.“
е проект кој го спроведуваше Младински образовен форум во текот на 2009 година и истиот е поддржан од Фондацијата Институт Отворено Општество – Македонија. Со овој проект се врши мониторирање на спроведливоста на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер од страна на високообразовните институции во Република Македонија. Дополнително оваа година покрај оваа мисија на проектот, се врши истовремено и мониторирање на степенот на спроведеност на Европскиот Кредит Трансфер Систем, или пак имплементацијата на Болоњскиот процес на нашите факултети.
Прочитај повеќе |
|
|
|
|